РЕПОРТАЖА: БОЛНИЦАТА “СВЕТИ ЕРАЗМО” И ДЕНЕС ДОСТОЈНА НА СЛАВНОТО МИНАТО

Кој не бил во болница, тој не знае што е мака. Друга мудрост вели, дека, секој треба да посети болница и болни, за да го согледа значењето на личното здравје, но, и да знае што е грижа и посветеност на медицинските лица – доктори, сестри, болничари, хигиеничари и други.
Охрид има релативно добро развиен здравствен систем, кога е во прашање Општата болница, но и голем исчекор кога се во прашање Кардиолошкиот центар ио Специјалната ортопедска болница “Свети Еразмо”.
Самиот, болниците сум ги посетувал службено, како професионален новинар во изминативе, веќе, 60 години, но и како пациент. Во Кардиолошкиот центар, специјалистот кардиолог д-р Стојан Митрески, ме врати назад, откако, ве’е бев “Еро од оној свет”!
Деновиве, “си имам работа” со болницата “Свети Еразмо”. Со староста навјасуваат и проблемите. Веќе ја терам 78-та, а од оваа престижна установа, нашата гордост, кога е во прашање медицинскиот третман, посебно од аспект на, колоквијално кажано, здравствен туризам, само една година сум постар.
Ја следам цел професионален век, ете, дојде време и “прилика!” сега да сум и пациент. Сум пишувал и сум се сретнувала со академик Гаврил Абрамович Илизаров, рускиот специјалист, кој во Охрид го донесе методот на продолжување на коските на екстремитетите.
На сегашните лекари, тој, на накој начин е нивни идол, светлина и цел. Специјалистот, д-р Огнен Шешоски, успешно ја одбрани својата докторска дисертација на тема:„Евалуација на соодносот на вредностите на екстерното фиксационо време (ЕФТ) при третман на отворени фрактури и псевдоартрози на потколеницата со методот на компресивна остеосинтеза по Илизаров“.
Методот, развиен од рускиот хирург Илизаров во средината на 20-тиот век, претставува револуција во третманот на сложени фрактури и деформитети на коските. Овој метод, познат по својата ефикасност и уникатност, овозможува забрзано заздравување и минимални компликации, со што остави длабок печат во историјата на ортопедската хирургија и продолжува да се применува во нашата болница и во светски рамки.

Во моментов, се рехабилитираат две женски лица, над кои методот на Илизаров го примени Христијан Паункоски, д-р специјалист по трауматологија, кој, пред две години, специјализацијата ја заврши на Универзитетскиот клинички центар во Љубљана, а веќе има своја публицистика и настап во престижни светски установи.
На медицинските сестри, нека им биде водилка и мотив, некогашната главна сестра Везирка, за која сум “навезал” безброј интервјуа, во времето кога болницата ја водеше д-р Гере Ангелоски.
Од тоа време, пред половина век, се моите написи за донациите од страна на ликовниот уметник Вангел Наумовски,кои и денес го опплеменуваат простгорот на болницата, кога, со радост и гордост известував, за тоа дека претседателот на СФРЈ, Јосип Броз Тито, за Нова Година, за децата кои се лекуваа тука,а за кои беше организирана и настава, испраќаше кошнички со портокали, од него набрани на островот Ванга од Брионскиот архипелаг.
Заедно со Тито, оваа установа е дел од приказната за македонската држава и државност, за што им упатувам порака да бидат горди на на сите овие факти, но и заветни, да ги чуваат и унапредуваат достигнувањата. Со респект и признателност, како сегашен пациент,но, и врсник и содејник.
Реномето на врвна медицинска установа од времето на Титова Југославија, го сочувала до ден денес. Во моментов, на дво месечна обука, се десетина млади медицинари од Прокупље, Србија, сместени во двете вили, на самиот езерски брег, во кругот на Болницата.
ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија “Св. Еразмо” е формирана на 19.07.1950, како Специјална болница за косно – зглобна туберкулоза. Низ повеќегодишниот стручен, кадровски, просторен, технички и економски развој во болницата се создадоа услови за лекување на сите ортопедско трауматолошки заболувања. Во 1988 година прерасна во Институт за ортопедија и трауматологија.
Со усогласување на Законот за здравствена заштита, а со Одлука на Собранието на Република Македонија од 18.05.1995 година го менува називот во Јавна здравствена организација “Специјална болница за ортопедија и трауматологија” Охрид, а во 2000 година го доби и називот “Св. Еразмо”.
ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија “Св. Еразмо” Охрид осигурува третман на сите заболувања на локомоторниот апарат вклучувајќи медикаментозен – хируршки, конзервативен третман и третман со физикална терапија и рехабилитација. Ова вклучува:аомалии на локомоторниот систем, заболувања на ‘рбетот, оперативни интервенции на колк и колено, артроскопски и слични интервенции, неспецифични и специфични воспалителни заболувања, грижување на сите видови скршеници, здолжување на екстремитетите, перативни зафати од урологијата и пластичната хирургија, церебрална парализа, третман со физикална терапија, ехабилитација и слично.
ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија “Св. Еразмо” Охрид е организирана во дваесетина медицински отсеци и одделенија. Тоа се педесетина лекари и друг медицински персонал, додека вкупниот број на вработените се доближува до 300.
Болницата располага со модерна опрема и 237 болнички кревети, операциски сали, сали за интензивна нега, амбуланти, и комплетен информатички систем.
Директорот на установата, д-р Харлампие Шокаровски, зборува за потенцијалите и предизвиците со кои се соочува оваа значајна здравствена установа.
-Со поволната локација и напредните услови за физикална медицина и рехабилитација, нашата болница има сѐ поголем потенцијал да стане центар за здравствен туризам, привлекувајќи пациенти од земјата и странство, со целосен потенцијал на меѓународно ниво, напоменува Шокароски
Двете здравствени Пепелашки во Охрид
Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клекоски, не штеди зборови. Објави прилог со наслов: “Двете здравствени Пепелашки во Охрид”.
-За бреме престојот во Охрид, посетив две болници: Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања „Св. Стефан“ и Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“.
Зошто „Пепелашки“? Затоа што високо стручно и професионално ниво функционира во многу предизвикувачки услови.
Претходниот пост беше за Св. Стефан, сега за „Св. Еразмо“ – ортопедија. https://traortoh.com.mk/
-Св. Еразмо е основан уште во 1950 година како Специјална болница за туберколоза на коски, денес вистински регионален центар за ортопедија, трауматологија и неврохирургија, најголем (според број на интервенции) надвор од Скопје.
Клучни услуги што ја прават оваа болница посебна: Бо делот на ортопедија: протези на колк и на колено, артроскопија на рамо и колено, скоро комплетна палета на оперативни зафати од ортопедска хирургија, Илизаров метод за продолжување на екстремитети или решавање на несраснаати/инфицирани фрактури на долги коски .во делот на трауматологија: комплетна хирургија и решавање на сите фрактури на долги коски, цела палета на спортска медицина. Неврохирургија: мозочни крварења, спинална хирургија (дискови, стенози на ‘рбетен канал, фрактури на ‘рбетен столб), тумори на мозок . Радио дијагностика (магнет, компјутерска томографија); Видеоларингоскопија, фибероптичка бронхоскопија, нтензивна нега со механичка вентилација, физикална медицина и рехабилитација: комплетна палета + базен. Ги опслужува пациентите од целиот Југозападен регион – од Ресен се до Дебар!
Клековски укажува и на проблемот со незавршениот нов објект, кој, стои така од 2017 година. Ветува целосната поддршка на Фонд за здравствено осигурување на Македонија.
Во име на Владата, се огласи потпретседателот, Александар Николоски, коментирајќи ја одлуката за РЕКОНСТРУКЦИЈА и изградба НОВО КРИЛО на болницата ,,Св. Еразмо “за што се предвидени се 2 милиони евра.
Од ден во ден, младите надежни стручњаци ја враќаат старата слава на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија “Свети Еразмо”, од Охрид, во народот попозната како “Косна”, односно „Костозглобна“, а која, во времето на поранешната ЈУ – федерација, важеше за стручна и елитна медицинска установа, од Гевгелија до Караванките, во Словенија.
Младите и надежни стручњаци ја враќаат старата слава. Докторите од „Свети Еразмо“, д-р специјалист ортопед Јордан Смически, д-р специјалист ортопед Александар Стевоски и д-р специјалист ортопед Огнен Шешоски, заедно о д-р специјалист ортопед Ненад Петков, од клиниката “8-ми Септември” од Скопје, извршија една од најважните и најтешките ортопедски хируршки интервенции, имплантација на тотална реверзна протеза на рамо или „вградување на вештачко рамо“.
– Зафатот за прв пат е реализиран во нашата болница и предвидува вградување на имплант-протеза на рамо, а со тоа голем број на пациенти од нашиот регион ќе добијат можност за локално да се справат со ваков тип на проблем. Оваа интервенција се извршува во болнцата 8-ми Септември веќе 3 години, но сега е достапна и во болницата „Св. Еразмо“, со што ќе може да се помогне на пациентите од регионот кои се соочуваат со ваков проблем, а со тоа и дополнително да не се изложуваат на други трошоци и да патуваат или во Скопје или надвор од државата како што беше случајот до сега, вели д-р Стевоски.
Тој додава дека применуваат современа комплетна дијагностика и третман на пациенти според модерните светски трендови и практики.Покрај од нашата земја, оперираат пациенти од соседните земји, пред се, од Албанија. Добриот глас надалеку допира, така што, тие добиваат покани да оперираат и во европските земји.
Во друг случај, болницата имаше привилегија да работи на комплексен случај кој бараше креативно и напредно решение додека предизвикот беше да се направи хируршка реконструкција на дефект на левата челно-слепоочна регија од главата кај млад пациент повреден пред 3 години.
Незгодата и лекувањето беа извршени во друга земја каде е пружена првата помош, која што се состоеше и во отстранување на интракранијално крвавење. По стабилизирање на тешката општа состојба на пациентот, истиот е вратен во матичната земја за долекување во нашата болница.
Друга екипа, предводена од д-р. Маја Божиноска-Смическа, во соработка со тим од Општата болница Охрид, беа на обука во Каунас, Литванија,со цел да се имплементира стратегија и систем, за првпат во нашиот град, за третман на исхемичен мозочен удар со реканализациона терапија под надзор и менторство од врвни експерти.
Во тимот, покрај д-р Маја Божиноска-Смическа, специјалист невролог установаа и д-р Тони Чифлигароски, специјалист радиолог, и медицинските сестри Светлана Коческа и Ана Крстеска од Општата болница Охрид.
Покрај државата, во унапредувањето на дејноста, помагаат фир,ми и невладиони институции. Од Југо-западниот плански регион, реализиран е Проектот „Опремување на современ центар за физикална терапија во болницата Св. Еразмо“, кој претставува значаен чекор кон унапредување на здравствените услуги во регионот.
Со реализацијата на овој проект, болницата се опреми со најсовремена медицинска опрема за физикална терапија. Овој центар ќе служи не само за локалното население, туку и за пациенти од други региони, со што болницата “Св. Еразмо” ќе стане водечки центар за физикална терапија и рехабилитација, придонесувајќи за развојот на здравствениот туризам во земјата.
Веле Митаноски






