Флик пред Интер: Ќе биде тежок натпревар и мора да бидеме подготвени

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, призна дека Интер е многу тежок противник и дека на Каталонците ќе им биде тешко да постигнат успех.

Стручњакот разговараше со медиумите пред утрешниот прв полуфинален натпревар на домашен терен против „нероазурите“ во Лигата на шампионите.

-Интер е многу тежок противник, со една од најдобрите одбрани во Европа. Имаат многу добар среден ред и силни напаѓачи. Нивните транзиции се многу опасни. Ќе биде тежок натпревар и мора да бидеме подготвени. Мора да се браниме и да ги покриваме просторите. Важно е да ја поседуваме топката, да правиме помалку грешки и да се браниме добро. Не размислувам за трите последователни порази на Интер бидејќи тоа не е моја работа. Лигата на шампионите е поинаква, вие сте на два натпревари од финалето, а минатите натпревари не се важни. Им кажувам на моите играчи дека мора да дадат 100 отсто од себе, изјави Флик.

Истакна дека победата во финалето против Реал Мадрид била многу емотивна, но сега се фокусирани бидејќи имаат можност да стигнат до финалето на Лигата на шампионите

Back to top button
Close