Фон дер Лајен: ЕУ секогаш ќе ја поддржува слободата на медиумите и плурализмот

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека Европската унија секогаш ќе ја поддржува слободата и плурализмот на медиумите и изјави дека денеска е ден да им се оддаде почит на мажите и жените кои ги посветуваат своите животи на вистината.
„Тие работат неуморно за да не информираат добро, повикуваат влади на одговорност, го креваат гласот, го провоцираат статус квото, а понекогаш плаќаат и највисока цена за тоа“, напиша Урсула фон дер Лајен на мрежата X по повод Светскиот ден на слободата на медиумите.

Таа додаде дека независното новинарство е „од витално значење“.

„Тоа е од витално значење за нашите слободни општества и нашите демократии“, наведе таа, додавајќи дека должност на сите е да ги поддржуваат и заштитуваат новинарите за да можат да ја работат својата работа без притисок.

„Европската унија секогаш ќе ја поддржува слободата на медиумите и плурализмот. Дома и во светот“, напиша фон дер Лајен.

Back to top button
Close