(ФОТО) Најскапото „селфи“ на Светското првенство 2026: Меси, Ѓоковиќ, Дурент, Брејди…
Мајкл Рубин, американски претприемач чие богатство се проценува на 12 милијарди долари, објави „селфи“ на кое е во друштво на голем број ѕвезди од светот на спортот и шоу-бизнисот.

Фотографијата, која веднаш по објавувањето привлече внимание ширум светот, е направена за време на фестивалот „Fanatix“, глобалната дигитална спортска платформа на Рубин.
За да може „селфито“ да ја опфати оваа голема група луѓе, беше потребен некој со долги раце…
Изборот беше лесен: Кевин Дурант, еден од најдобрите кошаркари во НБА во последната деценија, со телефонот во рака го овековечи овој навистина незаборавен момент.
Дурант се „улови“ себеси, а потоа и Новак Ѓоковиќ, капитенот на Шпанија – Родри, иконата на американскиот фудбал – Том Брејди, аргентинскиот голман Емилијано Мартинез, раперот Тревис Скот, легендата на Манчестер Јунајтед и на англиската репрезентација – Рио Фердинанд, Лионел Меси, Рубин и комичарот Кевин Харт.
На втората фотографија, која е направена од поинаков агол и го прикажува моментот на фотографирањето, во кадарот се наоѓаат и селекторите на Аргентина и Шпанија, Лионел Скалони и Луис де ла Фуенте.






