(ФОТО) Над 1 400 протести против Трамп во САД

„Рацете подалеку“ е буквалниот превод на “Hands off” – мотото под кое низ сите 50 држави на САД денеска се очекуваат над 1 400 протести, јавува Си-ен-ен. Пораката е упатена првенствено кон две личности – претседателот Доналд Трамп и неговиот советник и помошник, бизнисменот Елон Маск. Според демонстрантите парот спроведува насилно превземање и напад на американските права и слободи.

Протест во Њујорк, 5 април 2025 година, EPA-EFE/JUSTIN LANE

На некои места протестите се закажани пред седиштата на државните органи, федерални згради, паркови и други јавни објекти.

Независно дали сте мобилизирани поради нападите на нашата демократија, кратењето работни места, упадот во приватноста или нападот на нашите услуги – ова движење е за тебе… Се подготвуваме да направиме масовно, видливо, национално отфрлање на оваа кризапишува на флаер кој повикува на протест.

Околку 600 000 луѓе пријавиле дека ќе учествуваат на некој од протестите. Организаторите, кои се претежно про-демократски организации и движења, велат дека имаат три барања:

прекин на превземањето од страна на милијардери и неконтролираната корупција на администрацијата на Трамп;

прекин на укинувањето/кратењето на федералните средства за Медикаид, социјалното осигурување и други програми на кои смета работничката класа;

прекин на нападите на имигранти, транс луѓе и други заедници.

Како што јавуваат повеќе светски медиуми, на некои од собирите има обраќање и на високопозиционирани политичари на демократите, на лидери на синдикатите, лидери на ветерански организации.

Протести против Трамп и Маск денеска се одржаа и во повеќе европски градови.

Back to top button
Close