ФОТО: Повторно јавна закана кон Раде Трајковски-Штекли: „Ако преживееш, ќе те обесиме како во Саудиска Арабија“

Повторно се појавија смртни закани за Раде Трајковски – Штекли, на социјалната мрежа Тик-ток.

Трајковски се уште е на интензивна нега, откако пред неколку дена врз него пукаше непознат сторител во трговскиот центар Ист гејт. Нападот претходно беше најавен на социјалните мрежи.

„Раде првпат се спаси. Вторпат… ако останеш за третпат ќе те обесиме како во Саудиска Арабија“, се наведува во заканата, најверојатно испратена од скопското подземје.

Освен кон Штекли, напаѓачот кој се уште е недостапен за полицијата, пукаше и кон неговиот помлад соработник со прекар Колумбо.

Двајцата во тешка состојба беа пренесени во Клиничкиот центар. Сега се надвор од животна опасност.

Back to top button
Close