Француските власти ја поништија дозволата за лекување Ковид-19 со хидроксихлороин
![](https://libertas.mk/wp-content/uploads/2020/05/francuskite-vlasti-a-ponishti-a-dozvolata-za-lekuva-e-kovid-19-so-hidroksihloroin.png)
Француската Влада ја поништи уредбата со која им се дозволува на лекарите во болниците да користат хидроксихлороин за третман на пациенти кои имаат тешки форми на Ковид-19.
Одлуката е донесена откако Светската здравствена организација во понеделникот објави дека привремено ќе паузира со широко анализирање на анти-маларичниот лек од безбедносни причини.
Британското медицинско списание „Лансет“ објави дека пациентите кои примале хидроксихлорохин имаат зголемена стапка на смртност, неправилни отчукувања на срцето и голем број други разочарувачки резултати на лекот за терапија против Ковид-19.
Тој лек особено го истакнуваше американскиот претседател Доналд Трамп во последните месеци како потенцијален лек во терапијата против коронавирусот.