Французинка казнета за уметнички акт со голотија

Француската уметничка Дебора де Робертис е казнета од судските власти затоа што позирала гола при свој уметнички акт во 2018 година. Казната е парична и изнесува 2.000 евра.

На 31 август 2018., уметницата, којашто има и француско и луксембуршко државјанство, се појави гола, покриена само со сина наметка преку главата и споени раце како за молитва, пред влезот на Светилиштето на Нашата Богородица во Лурде. При перформасот, Де Робертис ја имитирала статуата на Дева Марија, која се наоѓа во познатата пештера, каде што според преданијата, Богородица 1858 година се појавила пред Бернадет Субиру.

Во Светилиштето се поклонуваат католици од цел свет.

Поклониците кои во тој миг се нашле во Светилиштето, биле згрозени, според нивни сведоштва. Некои повикале полиција, а некои побрзале да ѝ наметнат облека на артистката.

Back to top button
Close