Галуп: Опаѓа рејтингот на Трамп

– Според анкета на Галуп, намален е процентот на оние кои ја одобруваат работата на американскиот претседател Доналд Трамп од 49 отсто на 39 отсто, додека се зголеми бројот на оние кои не го одобруваат од 48 отсто на 57 отсто.

Тоа е најнискиот рејтинг на одобрување што претседателот го има забележано од октомври. Анкетата е прва на Галуп откако избија протести на национално ниво по убиството на Џорџ Флојд.

Незадоволството на јавноста поради убиството на Флојд и расната неправда стана „значаен предизвик за претседателот“, наведува Галуп.

Пред пандемијата, Трамп имаше силен рејтинг на одобрување во врска со економијата, дури и покрај тоа што неговиот просечен рејтинг изнесуваше околу 40 отсто.

Трамп не забележал вкупен рејтинг на одобрување под 40 отсто од октомври, откако почна истрага за импичмент.

Рејтингот за работата на Трамп се намали меѓу двете партии. Одобрувањето на републиканците се намали од 92 отсто на 85 отсто, што е најниско од неговата партија за околу две години, додека кај демократите падна од 14 отсто на 5 отсто.

За справување со економијата со Трамп исто така „се лизна“ на 47 отсто, што е намалување од 63 отсто во јануари и 58 отсто во февруари, јавија американските медиуми. Одобрувањето на справувањето со економските предизвици на Трамп не беше под 50 отсто од ноември 2017 година.

За справувањето со новиот коронавирус – 42 отсто го одобруваат начинот на Трамп, што е намалување од 50 отсто во април.

Back to top button
Close