„Газета“: Меси ќе добие астрономска понуда од Интер

 Интер е решен да го направи невозможното – тврди „Газета дело спорт“.

Челниците на миланскиот клуб се подготвени да создадат услови за најголемиот трансфер на сите времиња и да му понудат на Лео Меси четиригодишен договор, според кој би заработил 260 милиони евра.

Италијанскиот весник ја споредува оваа „операција“ со сензационалниот трансфер на Кристијано Роналдо од Реал во Јувентус. Претставниците на Барселона во неколку наврати рекоа дека нема сомнеж дека Аргентинецот ќе остане до крајот на неговата кариера, а Меси не кажа ниту збор за заминувањето од „Камп ноу“.

Светските медиуми долго време шпекулираат дека постои можност Меси да ја напушти Барселона за Интер.

Иако таа претстави план, според кој Интер би го платил секое евро инвестирано во овој трансфер, и истакна дека понудата ќе биде претставена на Меси, „Газета“ сепак пишува дека станува збор за „утопија“.

Back to top button
Close