Георгиева Трпевски: Здравството е во хаос, специјализантите чекаат работа а Таравари тера етнички теми

Здравството е во хаос и пред целосен колапс, а Таравари и Мицкоски си играат со отворање етнички теми за поделби на граѓаните.

Нема лекови, над 20 дечиња починаа поради несоодветна нега, огромни листи на чекање има, фали кадар, нема квалитетни здравствени услуги.

Катастрофа на секое поле и големо разочарување.

Осум месеци поминаа откако Владата на Мицкоски и министерот Таравари ветија дека ќе обезбедат вработувања за специјализантите во здравството.

После осум месеци, вработувања на специјализантите нема.

Ниту Мицкоски ниту Таравари не го исполнија ветувањето!

И специјализантите и граѓаните се жртви на неспособноста на оваа власт.

Дури Таравари јасно кажува што му е приоритет: етничките теми, а не здравството.

Ова признание од главниот политички партнер на Христијан Мицкоски е уште еден доказ за целосниот дебакл на Владата.

Премиерот се крие, додека здравствениот сектор се распаѓа.

Во време кога пациенти остануваат без терапија, кога сведочиме за трагедии по клиниките, кога медицинскиот персонал недостасува, Таравари наместо за решенија единствено гледа спас во етничките теми.

Ова е класична тактика за бегање од одговорност која граѓаните ја препознаваат и на која нема да наседнат!

Кога деца умираат од недостаток на нега, кога луѓето кои се борат за својот живот се оставени на милост и немилост нема повеќе оправдувања ниту замајувања со етнички теми.

Одговорност мора да има, одговорност од луѓето кои го водат здравството а тоа е министерот Таравари!

Прес-конференција, Душанка Георигиева Трпевски, членка на Извршниот одбор на СДСМ

Back to top button
Close