Германија го забрани Исламскиот центар во Хамбург

Германските власти денеска го забранија Исламскиот центар Хамбург (ИЗХ), организација која според германското разузнавање е екстремистичка и контролирана од Иран.

Полицијата утрово вторпат за неколку месеци извршија претрес во ИЗХ. Полицијата упадна и во шиитскта Сина џамија во Хамбург.

Како што јави германската новинска агенција ДПА, речиси во исто време неколку полицајци упаднале во зградата на шиитската организација во квартот Темпелхоф во Берлин.

ИЗХ се смета за важен пропаганден центар на Техеран во Европа и е под надзор уште од 90-тите години од минатиот век.

Back to top button
Close