Германија по обвинувањата дека доцни испораката на оружје за Украина: Не соопштивме точен датум

 Германија никогаш не го објави точниот датум кога ќе испорача оружје на Украина, изјави денеска портпаролот на германската влада, реагирајќи на наводите за доцнење.

– Јасно е дека сè што најавивме и решивме да го испорачаме, сакаме да го испорачаме што е можно поскоро, додаде тој.

Германија сè уште не добила барање од Шпанија за испорака на тенкови Леопард, кои Мадрид сака да ги испорача на Украина, додаде портпаролот.

Back to top button
Close