Германските демохристијани и социјалдемократите постигнаа договор, на чекор се до формирање влада

Демохристијанската унија ЦДУ/ЦСУ и Социјалдемократската партија на Германија (СПД) постигнаа договор за спорните политички прашања, што е чекор напред кон формирање коалициска влада.

„Постигнавме договор за цела низа спорни технички прашања, што го носи заедничкиот потпис на сите учесници во преговорите“, рече лидерот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и кандидат за канцелар Фридрих Мерц на заедничката прес-конференција.

Тој додаде дека на почетокот на следната недела на партискиот врв ќе му предложи почеток на конкретни коалициски преговори.

Заменик-претседателот на СПД, Ларс Клингбејл, исто така сигнализираше брз почеток на преговорите.

„И Унијата и СПД покажаа дека се подготвени да преземат одговорност“,рече Клингбејл.

Помалку од две недели по вонредните парламентарни избори на кои ЦДУ/ЦСУ освоија 28 отсто од гласовите, а СПД 16 отсто, партиите постигнаа договор за контроверзните прашања, пред се ограничување на нерегуларната миграција.

Според аналитичарите, ЦДУ/ЦСУ ги истуркале своите строги миграциски планови, кои вклучуваат отфрлање на сите потенцијални имигранти кои не можат да покажат дозвола за влез во Германија на границата. Ова важи и за оние кои сакаат да поднесат барање за азил во Германија, што беше најголемата жалба на СПД.

Семејното обединување на бегалците кои живеат во Германија исто така е суспендирано до понатамошно известување.

Претседателот на Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) и баварскиот премиер Маркус Содер најави интензивирање на депортациите во земји како Авганистан и Сирија.

За економско закрепнување се планирани реформи на корпоративниот данок и инвестициски стимулации, вклучително и намалување на даноците за електрична енергија.

Потенцијалните коалициски партнери во средата договорија пакет финансиски мерки за економско закрепнување во вредност од 500 милијарди евра и формирање посебен фонд за зајакнување на одбранбените капацитети на Германија.

Мерц претходно рече дека ќе се заложи новата влада да положи заклетва до Велигден, на 20 април

Back to top button
Close