Германските социјалдемократи повторно ќе го номинираат Олаф Шолц за канцелар

Актуелниот германскиот канцелар Олаф Шолц во понеделник официјално ќе биде номиниран за втор мандат на средбата на раководството на неговата Социјалдемократска партија (СПД), и покрај противењето и повиците во партијата тој да се повлече.

„Во следната изборна кампања сакаме да влеземе со Олаф Шолц“вели Ларс Клингбејл.

Одлуката дојде по неколкунеделни шпекулации за тоа дали СПД ќе го принуди Шолц да се повлече за да може некој друг да ги подобри изгледите на партијата на предвремените избори на 23 февруари.

Но, патот на Шолц беше расчистен кога неговиот потенцијален ривал, министерот за одбрана Борис Писториус, цврсто изјави дека не сака да биде главен партиски кандидат и му даде поддршка на Шолц.

„Ова е целосно моја, лична одлука. Никогаш не ја започнав оваа дебата, никогаш не ја сакав и никогаш не се внесов себеси во разговорот“рече Писториус повикувајќи ги колегите да стават крај на нивните внатрешни несогласувања за тоа кој треба да ја води СПД на предвремените избори.

Пофалувајќи го Шолц за управувањето со тешката коалиција низ, како што ја нарече, можеби најголемата криза во последните децении, Писториус рече: „Олаф Шолц е силен канцелар и вистинскиот кандидат за канцелар. Олаф Шолц се залага за разум и разумност“.

До предвремени избори дојде откако трипартиската владејачка коалиција на Шолц се распадна претходно овој месец, а канцеларот одлучи да го разреши поранешниот министер за финансии Кристијан Линднер.

Според неодамнешната анкета на весникот „Билд“, Шолц има поддршка од 31,4 отсто. Писториус е најпопуларен политичар во земјата со 52,8 отсто

Back to top button
Close