Гитарата на Џорџ Харисон од Битлси продадена за над милион фунти
Гитарата која Џорџ Харисон од Битлси ја купил за само 58 фунти кога бил тинејџер, е продадена на аукција во Нешвил, Тенеси, за 1,27 милиони долари.
Харисон електричната гитара „Футурама“ ја купил во 1959 година во Ливерпул кога имал 16-години, а ја плаќал на 44 рати со помош на неговата мајка.
Истата беше ставена на аукција вчера во Нешвил, Тенеси и продадена за 1,27 милиони долари, двојно повеќе од проценката.
Мартин Нолан, извршен директор на Julien’s Auctions, рече дека го урнал рекордот за најскапа гитара на Џорџ Харисон некогаш продадена.
„Славната гитара Футурама на Харисон, една од најважните гитари во историјата на рокенролот и клучна за звукот на Битлси, повторно стана дел од историјата на денешната аукција“, изјави Мартин Нолан, извршен директор на Julien’s Auctions.
„Ние сме повеќе од среќни што сега можеме да го додадеме во клубот од милиони долари на Julien’s Auctions, заедно со оние на Џон Ленон, Ерик Клептон и Курт Кобејн“, додаде тој.