Голден Стејт ја прекина победничката серија на Милвоки

 Кошаркарите на Голден Стејт го совладаа Милвоки со 122-109 во еден од седумте натпревари во НБА лигата одиграни ноќта меѓу саботата и недела, и со тоа му го нанесоа првиот пораз на актуелниот шампион по серијата од шест победи.

До триумфот на домашен терен Голден Стејт беше предводен од Клеј Томсон со 38 поени, што е негов најдобар ефект по враќањето на паркетот по долгата пауза поради повреда. Во редовите на Милвоки најефикасен беше Јанис Адетокумпо со 31 поени.

Резултати: Чикаго – Кливленд 101:91, Мајами – Минесота 104:113, Сан Антонио – Индијана 108:119, Голден Стејт – Милвоки 122:109, Денвер – Торонто 115:127, Јута – Сакраменто 134:125, Портланд – Вашингтон 127:118.

Back to top button
Close