Голем протест на грчките земјоделци во Солун: Незадоволни од високите трошоци истурија јаболка и костени на улиците

Грчките земјоделци одржаа голем митинг во Солун во знак на протест против зголемувањето на цените на производството.

Пред Саемот „Агротика“ се собраа земјоделците кои беа погодени од зголемувањето на трошоците и штетите на земјоделските култури поради неодамнешните поплави и пожари, пренесува Катимерини.

 

Земјоделците од Тесалија и другите делови на Грција пристигнаа во Солун набргу откако претставници на земјоделците од Лариса и Кардица најавија дека ќе ги интензивираат протестите во наредните денови.

 

Демонстрантите фрлаа јаболка и костени на улиците, држејќи транспаренти и извикувајќи слогани, додека се движеа кон Саемот.

 

Земјоделците потоа им се придружија на своите колеги од регионот на Централна Македонија, кои од 1 февруари со трактори се на јужната капија на Саемот.

 

Грчката влада во петокот го претстави новиот пакет за поддршка на земјоделците, кој вклучува даночни олеснувања, петмесечен попуст на струјата, отпис на заемите и ветување дека ќе ја забрза исплатата на средствата од фондовите за закрепнување од поплавите во централна Грција.

 

Земјоделските здруженија на протестот во Солун порачаа дека мерките што ги презентира Владата се само „капка во морето“ и најавија дека за време на викендот ќе ја зголемат блокадата на автопатиштата

Back to top button
Close