Голем скок на платите во новиот мандат, ветуваат од владејачката партија

Новата програма на СДСМ содржи комплетни мерки за поддршка за граѓаните преку поголеми плати и пензии, рече вчера претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на средби со граѓаните од општина Центар.

Според програмата на партијата, минималната плата до крајот на следниот мандат ќе изнесува 600 евра, а просечната 1.100 евра.

Исто така, се најавува минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија д 30.000 денари.

-Токму новата програма на СДСМ содржи комплетни мерки за поддршка за граѓаните преку поголеми плати и пензии, односно минимална плата од 600 евра и просечна плата од 1100 евра, но и минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари. Тоа се правилните насоки и затоа ни треба и продолжувањето на европскиот пат, потенцираше Ковачевски.

Ако се земе во предвид дека претходното ветување на партијата за просечна плата од 500 евра, е остварено и надминато (денес просечната плата изнесува 650 евра), доколку се продолжи со исто и забрзано темпо остварливо би било и ветувањето за 1.100 евра просечна плата во земјава.

Ако погледнеме само неколку години наназад, просечната плата изнесуваше само 360 евра во 2017 година.

Покрај големиот раст на просечната плата, и минималната плата достигна нов рекорд – од месец март веќе изнесува 22.500 денари. Тоа значи 180% зголемување споредбено со времето кога платата беше само 8.050 денари

Извор

Back to top button
Close