Американскиот Сенат ја блокира резолуцијата за ограничување на овластувањата на Трамп за војната со Иран

Американскиот Сенат ја блокираше резолуцијата предложена од Демократската партија, чија цел беше да се ограничи можноста за продолжување на воените операции против Иран без претходно одобрение од Конгресот.
Сенаторите со 49 гласа „за“ и 47 „против“ изгласаа да не се пристапи кон разгледување на резолуцијата за воените овластувања на претседателот.
Претходно, Претставничкиот дом ја усвои истата резолуција со која од претседателот Доналд Трамп да не може без Конгресот да ги продолжи воените операции против Иран со 214 гласа „за“ и 208 „против“.
Американски медиуми коментираат дека резолуцијата ја одразува сè поголемата загриженост во американскиот Конгрес поради војната со Иран, вклучително и кај дел од пратениците од владејачката Републиканска партија.






