Голема акција на МВР: Се апсат фалсификатори на лични документи. Уапсени десетина полициски службеници

Претпладнево во голема полициска акција се уапсени десетина полициски службеници кои биле дел од ланец за фалсификување на патни исправи и лични документи, информира Kанал 5.

Според телевизијата по повеќе од година дена истрага и документирање на дејствувањето на криминалната група, МВР во координација со Канцеларијата за истраги на Американската амбасада и Интерпол спроведува голема акција која се уште трае.
За нашата телевизија, добро брифирани извори од истрагата од МВР велат дека вчерашниот брифинг организиран од една политичка партија бил во насока да се саботира оваа меѓународна акција.

Од МВР пак само ни потврдија дека во тек е голема акција, а детали најавуваат по нејзиното завршување.

Back to top button
Close