Граѓаните го бараат градоначалникот на Кочани – полицајци не им дозволуваат да влезат во зградата. Со камења скршена вратата на општината (ВИДЕО)

 

Ѓраѓаните кои моментално во Кочани бараат правда и одговорност за големата трагедија која вчета и се случи на Македонија, тргнаа кон зградата на локалната власт каде сакаа да се сретнат со градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, кој утринава поднесе оставка, но полициски службеници ги запреа пред самите врати на објектот.
Извикувајќи “Убијци”, “Сакаме правда” и “Секој еден може да е следен”, граѓаните од сите возрасти револтирани бараат градоначалникот Папазовски да излезе и да се осочи со нив.

Тие уште на пат натаму велеа кога треба да се земат пари први се тука, но кога треба одговорност никаде ги нема, пренесе 24инфо.

Во меѓувреме револтиранире граѓани со јајца и шишиња маваа и ја искршија вратата и прозорите на советот на општината.

 

Back to top button
Close