Граѓаните на Охрид со едночасовен молк оддадоа почит на настраданите во несреќата во Кочани

– Во организација на младинската и ученичките заедници, заедно со Студенските собранија и Локалниот младински совет, денеска на пладне на Градскиот плоштад во Охрид се одржа 60-минутен молк во знак на почит кон жртвите од трагедијата во Кочани.

Граѓани на Охрид на дождливо време одадоа почит на настраданите во кочанската трагедија, искажувајќи поддршка на нивните и на семејствата на сите повредени во најголемата несреќа во историјата на независната македонска држава.

Инаку, Општина Охрид за престојната седмица најави свикување седница на Советот, на која ќе одлучува за доделување финансиска помош за семејствата на починатите и за повредените лица во пожарот што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Back to top button
Close