Грчката претседателка Сакеларопулу позитивна на ковид-19

Шефицата на грчката држава Катерина Сакеларопулу е позитивна на ковид-19, соопштија од претседателската палата од каде додаваат дека таа е со благи симптоми и моментно е во карантин во нејзиниот дом.

По направен молекуларен тест, Сакеларопулу добила позитивен резултат по што ги одложила сите закажани активности.

Грчката претседателка е вакцинирана со три дози од вакцината.

Back to top button
Close