Гробница за живите!
Еден пријател ми раскажа еден виц, како некој жежок вмровец требал да ја помине реката. Му се обраќа со висок тон на сплаварот кој единствено што знаел билo пренесување луѓе преку реката.
„Дали знаеш што е ВМРО„?
Сплаварот одговорил дека не знае.
„Да знаеше сега ќе имаше брод, а не ваков скршен сплав“!
По некое време сплаварот му се обраќа на вмровецот –
„Знаеш ли ти да пливаш“? „Не, не знам“- одговорил тој.
„Да знаеше ќе се спасеше, оти тонеме“!
Параг Кхана, познат геополитички стратег, автор на книгата „Иднината е Азија“, вели дека сме сведоци на големи тектонски промени на глобално ниво. Светот го погодија две нови светски војни – Ковид и Украина. А сега и Блискиот Исток! Светскиот поредок е урнат како кула од карти. Сега имаме нова студена војна ама ептен жешка поради која светот никогаш веќе нема да биде ист.
По короната светот се најде пред хаос. Познато е дека “Црната Чума“ во 14 век уби скоро половина становништво од Азија е Европа и ја уништи најсилната империја низ целата историјата – Монголската империја со 33.000.000 км2. Познато е дека „Шпански грип“ доведе до „голема депресија“ (1929-1933), која го донесе Хитлер на власт. Цената – 50 милиони животи и општ пекол. Поразот на СССР во Авганистан во 1988 е поврзан со епидемијата „Мала Божица“ во таа сиромашна држава. Тоа повлекување доведе до пад на комунизмот во СССР и во цела Европа. А последната пандемија доведе до густа магла, поради која светот уште живее во темнина. И по три години, светската економија си се доживува како заталкан патник по пустината, кој низ фатаморгана гледа оаза, вода и сенка.
Каналите за снабдување на глобалните пазари сега се многу посложени отколку што се мислелo, а тоа ја ослабнува целата светска економија. Високите светски цени на енергијата и храната продолжуваат да предизвикуваат висока инфлација и големи политички потреси, дури и кај таткото на демократијата – САД. Глобалните економски чинители уште ги поткопуваат економиите. Директорот на една од најголемите светски компании „Блеккрок“ – Лери Финк, кој управува со над 10 трилиони долари, смета дека – „имаме сериозен прекин кај економските компоненти што го поврзуваат светот“. Три години по ред, глобалниот раст е под три проценти, што е сериозен знак дека светот ќе стагнира подолг период.
Цените на енергијата сè уште се високи бидејќи Русија е исклучена од значителен дел од светскиот пазар на нафта. Поранешната британска министерка за надворешни работи, Лиз Трус пред некое време кажа дека „Ерата на соработка со Русија заврши. Потребен ни е нов пристап кон безбедноста на Европа, засновано на сила, одбрана и одвраќање“. И претстојната зима би се соочила со скапа енергија, што по своја логика би значело пад на животниот стандард. Цената на нафтата ќе продолжи да расте ако не заврши конфликтот во Газа. Дополнително што јеменските Хути се сериозна закана за многу западни танкери во Црвеното море.
Пентагон и НАТО веќе знаат дека ќе треба долготрајно да се справуваат со Русија и со новите светски поделби. „Ќе бидеме ангажирани во овој конфликт подолг период што ќе биде катастрофа за сите нас“, вели Стивен Хол, поранешен шеф на операциите на ЦИА во Русија. Тоа може да биде сериозен тест за единството на НАТО и ЕУ. Одлучувачки за тоа ќе бидат наредните претседателски избори во САД, оти во Европа и во светот расте бројот на државите со про-руски ориентации. Логично е да авторитарните режими во Путин гледаат на свој природен сојузник. А мал број луѓе знаат дека патот кон пеколот може да биде убав, ама сепак води во пекол.
Дури и пријателството меѓу Кина и Русија е под сомнеж. Ако Русија значително ослабне, може да се зголемат апетитите на Кина кон ненаселен Сибир како „ветена земја“ за пренаселена Кина. Сега и еден неформален блок земји – Индија, Саудиска Арабија, Емирати, Виетнам, Турција и Бразил – влегуваат во игра. Мултинационалните структури на светот, особено Светската трговска организација и Светската здравствена организација, видно се ослабнети. Иако ММФ привремено ја поврати својата важност, но постојните макроекономски параметри би можеле да го убијат овој оптимизам. Светската банка е бавна оти нема доволно ресурси. Сега остануваат два можни патишта: создавање на нов светски поредок со различни функционални механизми или пак опасна глобална апокалипса. Затоа е потребна новата меѓународна конференција како спас.
Каде е Западен Балкан?!
Државите од регионот пловаат без компас. Косово видно го загуби од вниманието, а Србија ја загуби довербата и кај својот „голем брат“. А магловито е и во нејзините односи со САД и ЕУ. За БиХ требаше да дојде првиот човек на ЦИА за да им каже колку им е лошо од Додик.
А Македонија игра опасно за самата себе. Такви игри се недозволиви и за големи и средни држави. Цело време и се обраќаат на нацијата, а не се свесни колку брзо нацијата може да им се обрати ним. Таа сè уште не знае ни елементарна дипломатска комуникација. Затоа сега таа ќе остане осамена оти најверојатно Албанија ќе продолжи со преговорите со ЕУ. Судбината на Македонија е крајна неизвесна, особено поради блискоста со Орбан кој владеењето на правото го третира како владеење со правото. По извесната победа на Kамала Харис, таа опција ќе заврши во гилотина.
Познато е дека мирот никогаш не умира по природен пат, туку поради умови кои ќе скокнат или во празен базен или во река ама кај што доцна ќе се сетат дека не знаат да пливат! Во услови кога светот гори, овде се игра оро на „бугарски диктат“! Тука изјави дава кој ќе стигне, иако тоа е работа на МНР! Но, на тие изјави им недостасува и основна школа за дипломатска комуникација.
Познато е дека во ептен турбулентно време, американците ја создадоа Република Македонија. И цело време ја штителе. А сега дрвја и камења како благодарност! Мицкоски вака се заблагодари: „Кога станува збор за меѓународната политика, никогаш нема да не видите како клечеме или се омаловажуваме. Во изминатите години имав можност да се сретнам со светски водачи од Вашингтон до Брисел и Берлин. Нема ништо за мене поинспиративно од македонскиот народ и држава“.
Појасно здравје!
Во превод тоа значи – кој ги ферма! Некои како не разбираат дека еден ѓавол не се истерува со друг ѓавол, затоа што ќе имаме работа со два ѓавола. За Јануш Бугајски – „таков начин на комуникација директно ги поткопува темелите на најслабата држава на Балканот. Таа се охрабрува да влезе во конфликт со најмалку три соседни држави членки на НАТО и две на ЕУ“. Дека тоа нешто може да одговара на експанзионистичките амбиции на Србија, која веројатно би претендирала на голем дел од таа слаба држава која долги години продава лилипутска мегаломанија. За жал, македонската свест е роб на минатото! Тука историските гробници одлучуваат за иднината на овие млади луѓе, кои стануваат сè помалку.
Македонија во девeдесеттети години беше втора по развој во источна Европа (после Словенија). Многу понапред од Полска и Чешка, а за Бугарија и Романија бевме Америка. Со мала интервенција во името (за надворешна употреба) ќе станавме членка на ЕУ во 2004 година. Сега ќе славевме 20 години, а Бугарија ќе мораше да ги признае малцинствата во неа, оти ветото ќе беше наш алат. Но, некои само кога изворот ќе пресуши, ќе ја разбират вредноста на водата. Сега Македонија е најслаба држава во Европа и гордо продолжува да се движи кон дното. Се знае кај ќе стаса, ама важно е гордаста, кое во нормалниот свет ја нарекуваат самоубивство. Важно е храбро да се скока во празен базен!
Иикако да се запрашаме – што ни се случи овие 34 години што од регионални „Американци“ се претворивме во глобани „Авганистанци“?! Ни преостана уште малку време додека не заврши војната во Украина. После тоа никој нема да прашува за нас. А и ќе снема пари поради толкава Украина. Ќе нè дружи демонот Милоха кој цело време нè убедува дека ѓаволот носи правда.
Мерсел Биљали