Гвардиола не очекува долго отсуство на Де Брујне од теренот
Белгискиот фудбалер за врска Кевин Де Брујне наскоро ќе ги надмине проблемите со повредите откако го пропушти ремито на Манчестер Сити со Арсенал на домашен терен 2-2 изминатиот викенд, изјави денеска тренерот на актуелниот англиски првак Пеп Гвардиола.
Де Брујне се пожали на болки во препоните на натпреварот против Интер во Лигата на шампиони во средата. Следниот натпревар е против Ватфорд во Лига купот, а потоа Сити има средба со Њукасл во Премиерлигата.
„Мислам дека нема да отсуствува долго време. Не можам да кажам точно колку време ќе му биде потребно и не знам дали ќе биде подготвен за натпреварот со Њукасл, но нема долго време да биде во аут“, рече Гвардиола.