Хакирана фејсбук – страницата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје

Фејсбук страницата на Мисијата на ОБСЕ (Организација за безбедност и соработка на Европа) во Скопје вчера била хакирана.

-ОБСЕ потврдува дека фејсбук-страницата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје е хакирана. Ве молиме имајте предвид дека сите пораки кои доаѓаат од таа сметка до понатамошно известување не се авторизирани од ОБСЕ, пишува во нивната објава.

По хакирањето страницата на Мисијата на ОБСЕ во земјава е преименувана во „Đỗ Thị Thanh Tâm”.

Во моментов со ОБСЕ претседава Република Северна Македонија. Претседавањето ќе трае во текот на целата 2023 година

Back to top button
Close