Хамас: Поради технички причини, Израел се уште не добил список на заложници
Членовите на Хамас денеска објавија дека „од технички причини“ групата сè уште не му доставила на Израел список на заложници што треба да бидат ослободени, што мора да го направи според договорот за прекин на огнот за примирјето да започне.
Во соопштението на Хамас се вели дека групата „ја потврдува својата посветеност на условите од договорот за прекин на огнот“.
Според условите на договорот, од Хамас се бара да ги даде имињата на заложниците најмалку 24 часа пред нивното ослободување, а според првичниот план, нивното ослободување се очекуваше денеска околу 16:30 часот по локално време.
Изјавата на Хамас дојде набргу откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и нареди на војската на земјата да не започнува прекин на огнот во Појасот Газа доколку Хамас не ги објави имињата на заложниците што требаше да ги ослободи.
-Премиерот им наложи на израелските одбранбени сили (ИДФ) дека прекинот на огнот, кој треба да стапи на сила во 8:30 часот, нема да започне додека Израел не добие список на заложници што треба да бидат ослободени, а кој Хамас вети дека ќе го обезбеди, се вели во соопштението.