Хамас соопшти дека следната група заложници ќе биде ослободена како што е предвидено со Договорот за прекин на огнот

Хамас вчера соопшти дека следната група израелски заложници, кои се држат во Појасот Газа, ќе биде ослободена според планираното во сабота (25 јануари).

Соопштението беше објавено откако портпаролот на Хамас, Нахед ал Фахури изјави дека заложниците ќе бидат ослободени еден ден подоцна од очекуваното.

Планирано е Хамас да ги ослободи над 90 израелски заложници во наредните недели како дел од Договор за прекин на огнот во Појасот Газа.

Се очекува четворица заложници да бидат ослободени вoс абота, седум дена по стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот.

Back to top button
Close