Хаос на протестот во Солун

Во Солун синоќа за време на протестот против владата настана хаос, како одговор на железничката несреќа во Темпи пред две години, во која загинаа 57 лица.

Десетици илјади граѓани низ Грција излегоа на улиците, но нешто по 21 часот се случија инциденти кога група демонстранти почнаа да фрлаат молотови коктели пред зградата на министерството и да палат контејнери.

На улицата Агиос Димитриос се снимени немили сцени.

Полицијата се обидуваше да ги задржи демонстрантите додека истовремено ги гаснеше пожарите.

Полицијата со штитови се обидуваше да ги турне демонстрантите на другата страна, а експлозии се слушаа низ градот.

На едно од видеата се гледа како тие фрлаат молотови коктели кон полицијата. Еден полицаец само се наведна кога му експлодираше пред неговите нозе. Засега не е познато дали има повредени.

За потсетување, минатата недела имаше жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата во Атина за време на протестите. Десетици илјади демонстранти се собраа во градот, а потоа почнаа да летаат молотови коктели, по што полицијата реагираше со солзавец

Back to top button
Close