Хеликоптер на брза помош се урна во Турција, при што загинаа четири лица

За време на тренинг лет, турски хеликоптер за брза помош се урна на покривот на болницата во областа Ментеше во провинцијата Мугла, на југозападниот дел на земјата, и падна од покривот во болничкиот парк, при што загинаа четири лица, објавија денеска турските медиуми.

На местото на несреќата излегоа бројни противпожарни, здравствени, полициски екипи и екипи на турската служба за итни случаи (АФАД).

Гувернерот на провинцијата Мугла, Идрис Акбик, излегол на местото на несреќата и за турските медиуми потврдил дека животот го загубиле двајца пилоти, еден лекар и еден член на персоналот на брзата помош.

Тој изјави дека во целиот регион има густа магла и потврди дека „нема никакви проблеми во болницата по авионската несреќа“.

Back to top button
Close