И Бугарија им забрани на руските бродови пристап до нејзините пристаништа

Бугарија им забрани на бродовите под руско знаме да влезат во нејзините пристаништа на Црното Море како дел од проширените санкции на ЕУ, објави Поморската управа на земјата на својата веб-страница.

„На сите бродови регистрирани под руско знаме, како и на сите бродови што го промениле руското знаме или регистрацијата во поморскиот регистар во било која друга држава по 24 февруари, им е забранет пристап до бугарските морски и речни пристаништа“, соопшти владата.

Исклучоци ќе има само за бродовите во неволја или кои бараат хуманитарна помош, или бродовите кои превезуваат енергенти, храна и лекови во земјите на ЕУ.

Претходно романските власти одлучија да забранат влез на бродови под руско знаме во романските пристаништа од 17 април.

Back to top button
Close