И Сорос игра фудбал кај Груби


Нова слика со играње фудбал осамна на Фејсбук профилот на вицепремиерот за политички систем и односи со заедниците, Артан Груби. Додека минатата недела тој играше фудбал и кошарка со своите сопартијци во неговиот кабинет и по бурата од реакции во јавноста се извинуваше, сега објави фотографија како фудбал игра неговиот гостин Александар Сорос.

-Пријателски разговор околу актуелната политичка ситуација, европската перспектива на земјата и целиот регион со американскиот филантроп и Претседател на Фондацијата „Отворено општество“, г-дин Александар Сорос – напиша Груби.

Back to top button
Close