ИДФ соопштија дека Хамас предал две израелски заложнички со руско државјанство на Црвениот крст

 

Израелските одбранбени сили потврдија дека Хамас предал две жени со двојно, руско и израелско, државјанство на Црвениот крст во Појасот Газа.

– Според информациите на Црвениот крст, двајца израелски заложници се префрлени кај нив и се на пат кон израелска територија, се вели во краткото соопштение.

Хамас претходно соопшти дека ослободувањето на двете жени е „гест кон рускиот претседател Владимир Путин“.

Уште 10 израелски заложници вечерва треба да му бидат предадени на Црвениот крст.

Back to top button
Close