Индиско МНР: Нападите во Пакистан без насочени кон терористички кампови
Нападите на Индија врз Пакистан беа насочени кон „терористички кампови“ кои служеа како центри за регрутирање и места за стационирање, каде што се складира оружје и има објекти за обука, соопшти индиската војска.
„Разузнавањето и надзорот на терористичките модули со седиште во Пакистан покажаа дека претстојат нови напади врз Индија, поради што беше неопходно да се преземат превентивни напади“, рече Викрам Мисри, главен секретар на индиското Министерство за надворешни работи.
Најмалку десет лица беа убиени, а 48 повредени во селото Пунч во индискиот Кашмир (во индиската држава Џаму и Кашмир) во размена на артилериски оган меѓу Индија и Пакистан по должината на нивната граница во спорниот хималајски регион.
Во меѓувреме, бројот на жртви од индиските напади врз Пакистан се зголеми на 26, а 46 се повредени, соопшти пакистанската армија, додавајќи дека Индија нападнала и неколку брани