ВИДЕО: Иран го почна нападот врз Израел
Портпаролот на ИДФ Даниел Хагари во моментов има прес-конференција.
Тој потврди дека десетици дронови лансирани од Иран се движат кон Израел.
Тој вели дека израелските воздухопловни сили ги следат беспилотните летала и истакна дека ќе им требаат неколку часа за да стигнат до земјата.
More shaheds over Khuzestan province, Iran pic.twitter.com/npuiI28GhB
— War Intel (@warintel4u) April 13, 2024
Хагари вели дека ќе има прекини на ЏПС додека војската работи на пресретнување на беспилотните летала.
Сирени за тревога ќе се огласат доколку дроновите влезат во воздушниот простор на Израел, додаде Хагари.