Иран му испрати на Пакистан одговор на американскиот предлог за прекин на војната

Техеран официјално им испрати на пакистанските медијатори одговор на најновиот американски предлог, кој има за цел да стави крај на, како што се наведува, воената агресија против Иран.
Според предложениот план, како што е потврдено за иранската агенција ИРНА, сегашната фаза на преговорите е насочена исклучиво кон прекин на непријателствата во регионот.
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи претходно изјави дека ставовите и размислувањата на Техеран за предлозите на САД ќе бидат пренесени откако ќе бидат завршени внатрешните анализи и ќе бидат донесени конечни заклучоци.
Пакистан посредуваше во прекин на огнот меѓу Техеран и Вашингтон на 8 април, со што беа запрени речиси 40-дневните напади на САД и Израел врз Иран и одмаздничките напади врз земјите во регионот кои имаат американски бази.
Разговорите што следеа неколку дена подоцна во Исламабад не доведоа до никаков напредок.
Извор: nezavisen.mk






