Иран привремено ја ослободи нобеловката за мир Нагрес Мохамади
Иран ја ослободи добитничката на Нобеловата награда за мир Наргес Мохамади од затвор на три недели поради здравствени причини, објави нејзиниот адвокат на социјалните мрежи.
„По совет на докторот кој ја прегледал, јавниот обвинител и ја суспендираше затворската казна на Наргес Мохамади на три недели и таа беше ослободена од затвор“, изјави Мостафа Нили на платформата X.
Семејството и поддржувачите на Мохамади побараа нејзино безусловно ослободување и велат дека тринеделниот затвор е несоодветен.
„Суспендирањето на казната на Наргес Мохамади од 21 ден е несоодветно. Бараме итно и безусловно ослободување на Наргес Мохамади или барем продолжување на нејзиното отсуство за три месеци“, се вели во соопштението.
Извори за Радио Фарда (ирански сервис на РСЕ) потврдија дека 52-годишната Мохамади е ослободена од затвор.
Иранските власти дозволија Мохамади да биде хоспитализирана на крајот на октомври, речиси два месеци откако таа се разболе. (Радио Слободна Европа)