Историски факт: Ванчо Михајлов е соработник на Хитлер

Несреќен е изборот на претседателот на владата на Бугарија Кирил Петков да дојде на чествување на клубот на Бугарите „Ванчо Михајлов“. Имено, иако има личности кои ја обележуваат заедничката историја на денес посебните народи, македонскиот и бугарскиот, како Гоце Делчев и раководството на ВМРО во Отоманска Турција, Ванчо Михајлов е личност која не разединува. Светските енциклопедии пишуваат дека Иван Михајлов, последниот водач на ВМРО, се идентификува себеси со бугарскиот национализам и „историската национална држава на Бугарите“, која ја опфаќа и Македонија.

Активен соработник со фашистичка Италија на  Мусолини, со Унгарија на генералот Хорти и со нацистичка Германија на Хитлер, ја менува тактиката на својата организација насочувајќи ја кон индивидуални терористички акции. Така тој се спротиставува на српската окупација на Македонија а најпознатата терористичка акција била убиството на кралот Александар со помош на усташите од Хрватска. Во последната фаза на Втората светска војна, пишуваат светските енциклопедии, тој, во недостиг на силна воена поддршка од Германија, се откажува од идејата да застане на чело на независна македонска држава, творба на Хитлер. Противник на македонската нација, Ванчо Михајлов, останува верен на своето мото дека е Бугарин од Македонија.

Денко Малески

Back to top button
Close