Истражување: Еден од 10 луѓе работи од дома без долни пижами

– Околу третина од луѓето кои работат од дома, на виртуелните средби се облечени во пижами, а секој десетти го нема долниот дел од облеката, покажува истражување спроведено од агенцијата „Ју-гов“ во Велика Британија.

Резултатите покажуваат дека 42 отсто од оние кои работат од дома се уморни од „Зум“, но само 14 насто сакаат да се вратат на работа со полно работно време кога ќе заврши пандемијата. Секој петти испитаник изјавил дека никогаш не сакал да се врати на претходната практика. Истражувањето е спроведено по нешто повеќе од една година од првите карантини.

„Истражувањата покажуваат дека работата никогаш нема да биде иста како што беше пред пандемијата. Вработените бараат пофлексибилно и комбинирано работно опкружување кое одговара на новата урамнотеженост меѓу животот и долгото работење од дома“, соопшти „Ју-гов“.

Во истражувањето учествувале 2.027 луѓе кои работат со телекомуникации. Скоро половина од нив (45 отсто) сакаат рамнотежа меѓу работата од дома и онаа во канцеларија, или одење на работа во еден до три дена во неделата. Како најчеста причина за ова, 51 отсто од испитаниците го навеле избегнувањето на патот до работа.

Во 34 насто од случаите, луѓето претпочитаат пофлексибилно работно време. Околу 20 насто од луѓето пак, сакаат да продолжат да работат од далечина, затоа што на тој начин може да спијат подолго, а 15 отсто – затоа што не мора да носат деловна облека.

Разговорот со колегите е она што најмногу им недостасува од животот во канцеларијата (43 отсто), по што следува заситеноста од „Зум“ (31 отсто).

Околу 30 насто од испитаниците признале дека присуствувале на виртуелни состаноци во пижами. Дури 25 отсто при работното време се занимавале со интернет-купување, а 15 отсто играле компјутерски игри.

Back to top button
Close