Италијански функционери зеле помош поради кризата со Ковид-19

Пет члена на италијанскиот Парламент и околу 2.000 градоначалници, претседатели на региони, членови на регионални влади земале бонус од 600 евра кои италијанската Влада ги одобри како помош за оние кои поради Ковид-19 и карантинот имале проблеми со работата заради, пишува весникот „Република“.

Измамата ја откри Комисијата против корупција и измама на Државниот завод за пензиско осигурување ИНПС.

Силни осуди доаѓаат од сите политички партии и институции.

„Срамота“, напиша лидерот на Демократската партија, Никола Зингарети, а претседателот на долниот дом на Парламентот, Роберто Фико најавија дека „членовите на Парламентот, како претставници на народот, имаат морални обврски, а не само законски“.

Министерот за надворешни работи Луиџи ди Мајо рече дека „функционерите кои зеле бонус мора да ги вратат парите, да им се извинат на Италијанците и да поднесат оставка“.

Шефот на партијата Лига, Матео Салвини, побара „кој и да го направил тоа од парламентарците, мора веднаш да биде сменет“, а првиот човек на парламентарната група на Движењето Пет Ѕвезди, Вито Крими, рече дека овој потег е „одвратен и недозволив“.

Имињата на петмина парламентарци не се познати, но според извештаите во медиумите, се знае дека тројца се членови на партијата Лига, еден е член на Движењето Пет Ѕвезди, а еден е член на партијата „Италија вива“ на Матео Ренци.

Парламентарците кои покрај своите високи приходи, земале и бонус наменет за оние кои имаа проблеми поради кризата, засега се заштитени со законот за приватност, така што нивните имиња не се познати.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close