(ИЗБОР) Албански медиуми: Изборите на северот во согласност со уставните и законските барања на Косово; Рама троши 5 милиони евра за реконструкција на владината вила

Косовските медиуми денеска се фокусирани на вчерашните локални избори на северот на Косово, реакциите од меѓународната заедница и експертите. Во Албанија откриен документ во со информации дека Рама ќе потроши 5 милиони евра за реконструкција на владината вила. Ова се дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми во регионот.

КОСОВО

ВОА – Американска амбасада во Приштина: Избори те на север во согласност со уставните и законските барања на Косово

„Соединетите Држави забележуваат дека на 23 април 2023 година во косовските општини Лепосавиќ, Северна Митровица, Звечан/Звеќан и Зубин Поток се одржани четири избори за градоначалник и две општински собранија, во согласност со уставните и законските барања на Косово.

 

Ние поддржуваме разновидна, инклузивна, мултиетничка демократија во Косово и изборите што ја поддржуваат. Жалиме што не сите партии го искористија своето демократско право да учествуваат на денешните избори. Учеството на избори помага да се осигура дека лидерите се претставници на населението на кое им служат. Гласањето е критична слобода на демократските општества.“, се вели меѓу другото во соопштението од Американската амбасада во Косово, пренесе ВОА.

Газета Експрес- Изборите на север ја сменија политичката карта на општините низ Косово: ПДК го зазема првото место

Демократската партија на Косово (ПДК) стана најголемата партија во земјата која води најмногу општини во Косово, со што ја надмина Демократската лига на Косово (ЛДК).

По победата во двете општини на северот на Косово, ПДК се искачи на првото место по бројот на општини што ги има во владата.

Општините со кои управува ПДК се: Призрен, Феризај, Митровица, Вучитрн, Дренас, Скендерај, Качаник, Хан и Елезит, Зубин Поток и Звечан.

Српската листа веќе има владеење во шест општини: Грачаница, Штерпца, Новобрда, Ранилуг, Партеш и Клокот, пренесе Газета Експрес.

Бота Сот: Според експертите, изборите беа легални и имаат легитимитет

Вонредните избори за 4-те градоначалници на општините на северот на Косово го разбудија интересот на меѓународните медиуми, од кои повеќето се фокусирани на малиот број српски учесници на овие избори, поради притисокот што го врши Србија.

Ројтерс, во текстот насловен „Косовските Срби одбиваат да учествуваат на локалните избори“, меѓу другото, наведува дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ побарал косовските Срби да ги бојкотираат изборите, бидејќи Српската листа не учествува.

Според Радио Европа е Лире ( Радио Слободна Европа), бојкотот на Србите кои учествуваат на изборите го организирал официјален Белград. Според РЕЛ, ова е порака за Косово и меѓународната заедница дека Србите нема да ги прифатат функционерите избрани на овие избори.

Гласот на Америка (ВОА) наведува дека од ноември минатата година и масовната оставка на српските функционери, српските граѓани на северот на Косово се заштитени од албански полицајци, и кој, меѓу другото, најавува и масовен бојкот поттикнат од официјален Белград, уценување и заплашување на српските кандидати и граѓани да не учествуваат на изборите, на кои учествуваше само еден од десетте кандидати за градоначалник.

Аналитичарот и експерт за безбедност Нуредин Ибиши рече дека притисокот врз Србите на северот е голем и континуиран од Белград.

Овие избори беа мирни, а во однос на легитимноста, е за посакување, но овој процес е успешно завршен“, рече Ибиши, кој рече дека првично бил за одложување на изборите, пренесе косовскиот дневник Бота Сот.

АЛБАНИЈА

Балкан Веб: Откриен документ/ Рама ќе потроши 5 милиони евра за реконструкција на владината вила

„Целосни 5 милиони евра ќе се потрошат за реконструкција на владината вила бр.5. Се чини дека фрапантните трошења на владата на Рама не престанаа. Како што може да се види од документот, Дирекцијата за владини служби ја финализирала постапката за набавка со преговарање, без претходно објавување на огласот.“, пренесе Балкан Веб.

 

Визион Плус: Отворање онлајн обложувалници/ Владата ќе отвори центри за рехабилитација за зависници од коцка, како што предвидува законот

Албанската влада за прв пат предвидува конкретни проекти за заштита на најранливите групи од зависност од коцкање. Поточно, во законот за легализација на онлајн обложувањето е предвидено да се воспостават програми за рехабилитација на играчите, пренесува Визион Плус.

 

КОЛУМНА

Јава Њуз: „Синдромот на демократски замор“ во Албанија

„Дали Албанците можат да го направат тоа или ќе продолжат со овој замор? Дури и да комуницираме, како инспирација на духот на директната демократија, ќе биде победа што наместо замор ќе има можности за развивање идеи и плазма фигури. Навистина, кога ги оставам луѓето надвор оддемократските процеси, се поставува прашањето зошто да се грижат? И, ова денес го користат политичарите.“, пишува авторот Бен Андони во колумната „Синдромот на демократски замор“ во Албанија, објавена во Јава Њуз.

Извор: Цивил

Back to top button
Close