Избувна пожар во колективна зграда во Струга: Оштетени повеќе станови
Вчера во 16.05 часот, во ОВР Струга е пријавено дека, во колективна зграда лоцирана на улицата „Партизанска“ во Струга избувнал пожар кој оштетил повеќе станови.
Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга.
Увид на местото извршија полициски екипи.