Излез? Предвремени парламентарни избори!.

Приклучувањето на Алтернатива во владиното мнозинство го доживувам како чин на предавство. Предавството го гледам кон сите граѓани кои денес живеат на територијата на Република Македонија. Премиерот во заминување Зоран Заев не смее да преговара за создавање на ново владино мнозинство, бидејќи со своето заминување и отстапките кои ги прави на Алтернатива со доделување на конкретни Министерства и заменици во Министерствата, и по над 40 директорски позиции во јавните претпријатија под ингиренции на Владата се вовед во меѓунационална нетрпеливост, бидејќи сите овие функции ќе носат вработувања на етнички албанци.


Најчесно ќе беше Заев да прифати предвремени парламентарни избори. Јас сум космополит, меѓутоа секојдневно ги слушам реакциите од моите сограѓани кои едноставно реагираат не поради одстапките на политичките партии, туку дека со новото приклучување во Владата на РМ се привилигира само една националност, а тоа се Албанците. При социјална несигурност, низок стандард, е идеално поле за отварање на Пандорината кутија, а тоа е меѓунационална омраза.

Ги повикувам сите чесни граѓани на Република Македонија, без разлика на нивната верска и национална припадност, како и политичките партии кои се денес на политичката сцена да не го дозволат овој чин да биде имплементиран во реалноста. Во состојба на пандемија со Ковид-19, енергетска криза, поскап животен стандард и огромна социјала, верувајте ова е вистинско тло за сеење на меѓунационална омраза. Повикувам на разум и делување да не дозволиме да заживее овој чин. Господинот Заев веднаш да си замине во историјата, а бидете убедени дека историјата ќе му суди. Од искуство знам дека луѓето кои заминуваат не по нивна желба зад себе оставаат пустош. Излез? Предвремени парламентарни избори!.

Трифун Костовски

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close