Излезноста од гласањето за првиот круг од претседателските избори до 18:30 часот е 48,46 проценти


– Излезноста на гласачите до 18:30 часот од обработени податоци од 3.174 избирачки места е 48,46 проценти, односно на гласање излегле 801 074 гласачи.

Претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски соопшти дека најголема излезност има во Новаци каде на гласање излегле 71,07, а најмала во Центар Жупа 16,90 проценти.

– Гласањето помина мирно без поголеми инциденти на гласачките места, изјави Даштевски.

Продолжено гласање ќе има во едно место во Демир Хисар, Липково, Могила и во Делчево.

Уважени се 134 поплаки од граѓани за избирачко право, на бесплатна телефонска линија на ДИК имало 10 јавувања на граѓани, а како видео повици имало од осум лица со оштетен слух.

На три места во Куманово гласањето е прекинато и тие се затворени. Како што објасни претседателот на ДИК доколку резултатите од овие избирачки места имаат влијание на крајниот резултат ќе има прегласување.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close