Израелската армија ги затвори палестинските територии пред Пасха, по конфликтот во Ерусалим

epa09891097 Palestinian Muslim women cross a checkpoint along Israel’s controversial separation barrier at the Israeli-controlled Bethlehem checkpoint as they make their way to Jerusalem for Friday prayers at al-Aqsa Mosque during the holy fasting month of Ramadan, on the outskirts of Bethlehem, West Bank, 15 April 2022. Muslims around the world celebrate Ramadan by abstaining from eating, drinking, and sexual acts daily between sunrise and sunset and performing an extra prayer at night. EPA-EFE/ABED AL HASHLAMOUN

Израелската армија попладнево ги затвори граничните премини кон Западниот Брег и Појасот Газа во време кога се стравува од ново насилство по судирите утринава меѓу израелската полиција и палестинските демонстранти во светилиштето во Ерусалим.

Палестинските територии вообичаено се затворени за време на празниците во Израел, но оваа година тензиите се зголемија бидејќи се совпаѓаат светиот муслимански месец на постот Рамазан, еврејската Пасха и Велигден.

Тензиите се зголемија и поради неодамнешните напади на Палестинците од Западниот Брег и израелските Арапи во Израел, во кои загинаа 14 лица.

Израелските безбедносни сили спроведоа голема потера на Западниот Брег по последниот напад во центарот на Тел Авив во четвртокот минатата недела. Вкупно 25 Палестинци загинаа во судирите што избувнаа при апсењето на осомничените за нападот.

Над 150 Палестинци и тројца израелски полицајци се повредени во денешните немири, најголеми за речиси една година, кои избувнаа кај џамијата Ал Акса. Уапсени се околу 400 луѓе, но молитвата во петокот напладне, во присуство на речиси 60.000 верници одржана потоа, поминала релативно мирно, јавуваат израелските медиуми.

Илјадници Палестинци потоа се собрале на светото место и за Евреите, бидејќи таму има древни еврејски храмови и извикуваа националистички пароли: „Со нашите души, со нашата крв, ќе се жртвуваме за тебе Ал Акса“. Некои носеле палестински знамиња, додека други носеле зелени транспаренти на исламското екстремистичко движење Хамас, кое владее во Појасот Газа.

На помалку од еден километар, илјадници христијани, кои го слават Велигден по Грегоријанскиот календар, го прославуваа Велики петок, по патеката по која, според христијанската традиција, одел Исус носејќи го крстот.

Црквата на Светиот гроб била отворена за посетителите кои масовно се враќаат во Светата земја, за првпат од почетокот на пандемијата.

Палестинските територии ќе бидат затворени до полноќ во недела, а Пасха почнува вечерва и ќе заврши за една недела. Безбедносните претставници утревечер ќе одлучат дали блокадата на палестинските територии ќе остане во сила во текот на целиот празник.

И покрај потерата по осомничените соучесници во нападот на Западниот Брег, израелските власти се обидуваат да не ја ограничат премногу слободата на движење на Палестинците за време на Рамазан, кој завршува на почетокот на мај.

Соседен Јордан, заштитникот на муслиманските свети места во Ерусалим, и палестинските власти објавија заедничка изјава во која го обвинија Израел за „опасна ескалација“ поради денешните конфликти во градот, а на осудата и се приклучи и Египет.

Израелскиот премиер Нафтали Бенет изјави дека властите работат на смирување на ситуацијата низ земјата и на Ридот на храмовите, како што Евреите го нарекуваат светото место во Ерусалим.

– Во исто време, ние сме подготвени за секакво сценарио, рече Бенет

Back to top button
Close