Jaвниот превоз во Tирана ќе биде бесплатен за сите пензионери
Од 1 Јануари 2025 година јавниот превоз во главниот град на Албанија ќе биде бесплатен за сите пензионери. Тоа синоќа го изјави градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај.
Градоначалникот на Тирана при синоќешна проверка на линија за јавен превоз целосно опремена со нови автобуси изјави дека автобускиот билет во Тирана има најниска цена во регионот на Западен Балкан- 40 албански леки (0,40 евра).
Јавниот превоз во Тирана опслужува повеќе од милион граѓани односно по околу 180 илјади патници дневно.
Велиај информираше дека во моментов во тек е целосна трансформација на јавниот превоз во Тирана, која меѓу другото опфаќа и поставување на нови информативни знаци и електронски табли на постојките за да се покаже преостанатото време до следниот автобус. Знаците ќе следат методологија што се користи и во Париз, Лондон и Њујорк.
Од 2022 година, општинскиот совет на Тирана одлучи да ги направи претплатничките картички бесплатни за студентите во главниот град.