КАДЕ ГРЕШИ НИКОЛА ДИМИТРОВ

м-р. Глигор Стоименов
Го прочитав текстот на поранешниот министер за Надворешни работи Никола Димитров, каде што тој во кратки црти ни објаснува дека Преспанскиот договор е “брилијантен“ а Францускиот предлог (Преговарачката рамка) “дебакл“!!
Одамна ги слушам овие работи од Никола и сакав едно време да му одговорам, со аргументи секако, ама остана така некако “недоречено“!
Имено, во неговите тези и критики кон Преговарачката рамка (Француски предлог), забележав дека не се работи за некои силни аргументи туку за “карактер“ на еден човек!! Тоа се оние карактери на луѓе кои ако не ги “играте“ во некоја игра тогаш ќе Ви ја растурат играта, ништо не чини ако тие не се таму!! Тоа се луѓе кои заслужуваат од време на време убаво да ги “исплескате“, само со аргументи се подразбира, па веројатно ќе се подзамислат малку? Овој пат ќе истакнам само неколку тези и аргументи во однос на неговите тези, ќе бидам коректен само поради почит кон него за целиот труд кој го даде околу Преспанскиот договор и делумно и околу Преговарачката рамка, (Францускиот предлог)!!
Како прво би сакал да нагласам дека акробациите и “хипокризијата“ пред се, околу толкувањето на Преговарачката рамка (Француски предлог) никако не би требало да бидат оправдание за губењето на една министерска или вицепремиерска функција!! Тоа што Никола од почетокот на 2022 година не беше веќе вицепремиер и не учествуваше со целиот свој капацитет во финализирањето и потпишувањето на Преговарачката рамка не сме ние виновни, а најмалку пак граѓаните на оваа земја кои со овие тези и фрлање дрвја и камења по договорот ги доведува во сериозна заблуда? Инаку овој (Француски предлог) и Преговарачка рамка со ЕУ се конструираа подолго време па и во време кога тој беше вицепремиер. Значи не е паднат од небо Францускиот предлог во Јули 2022 година, туку се работеше цела година пред тоа каде што активен придонес кон тоа имаше и самиот тогашен Вицепремиер за европски прашања, Никола Димитров. Инаку оваа преговарачка рамка се издејствува со силен притисок на меѓународната заедница (Франција и Германија) пред се кон Бугарија, за да се откаже од своите барања во усвоената декларација во нивниот парламент за да на крајот се сведе на еден компромис каде што наша главна обврска ќе биде да направиме Уставни измени и да ја вметнеме Бугарската заедница во Уставот, додека другата страна се откажа од четири од нивните пет барања во нивната декларација. Инаку јас лично мислам дека Никола требаше да остане и во владата на Ковачевски да биде вицепремиер затоа што беше длабоко навлезен околу оваа работа во финализирање на Преговарачката рамка и сега сум убеден дека ако останеше и за овој договор ќе кажуваше дека е ептен брилијантен, дури повеќе од претходниот (Преспанскиот договор). Но изборот беше на премиерот Ковачевски и јас не навлегувам во тоа, едноставно така одлучил за Никола, тоа е тоа!! Но да се тврди дека Преспанскиот договор бил ремек дело (само затоа што сте биле министер) а овој договор “Преговарачката рамка“ дебакл (затоа што не сте биле вицепремиер) но активно сте учествувале во неговата конструкција, тоа е хипокризија, ништо друго!! Еве нека каже Никола дали не било така? Но ајде сега нешто околу аргументите??
Споредбата на овие два договори од страна на поранешниот министер, од кои едниот (Преспанскиот договор) се квалификува како брилијантен, во кој се гарантира нашиот идентитет и во кој едната страна (Р.Грција) се обврзала писмено дека го почитува нашиот идентитет и споредбата на другиот договор (Преговарачката рамка) каде што едната страна (Бугарија) писмено во Брисел не известила дека нема да го почитува нашиот идентитет, ете тоа според Никола било дебакл!! Оваа споредба што ја прави тој е пред се “шибицарска“, погрешно аргументирана, тендециозна и спротивна на суштината и предметот околу кој се водеа преговорите со Бугарија!! Никола тоа добро го знае. Тој знае дека тоа што го зборува не е баш така! Но како мало палаво дете кога нема да го играте почнува да Ви ја зема и крие топката, почнува да “клоца“, ете баш така ми изгледа ова!! Јас искрено немам друг аргумент освен тој, (го тргнале од тимот) па сега се впушта во ваква плитка и неиздржана анализа по примерот на оние аналитичари од власта како пред “коперација“ со две ракии, или како оној стар и “издрндан“ амбасадор пропагандист на кој сите му се гледаат предавници!! Но за човек како Никола кој доаѓа од катедрата по Меѓународно право ваквите настапи се големо разочарување!!
Но да видиме како стојат работите!!
Почитувани, суштината и предметот на преговори беше сосема различен кај преговорите со Р.Грција (Преспанскиот договор) и кај преговорите со Р.Бугарија, (Преговарачката рамка)! Ова сум сигурен дека добро го знае поранешниот министер затоа што долго време беше вклучен во процесот на преговори околу Преговарачката рамка. Имаше само една заедничка цел при потпишување на двата договори! Тоа е отстранувањето на блокадата (вето) за наша интеграција во НАТО и ЕУ, другото се беше различно. Суштината на преговорите со Бугарија околу Преговарачката рамка беа исто така во насока на тоа да се обврзе истата страна (Бугарија) за тргнување на блокадата за почеток на преговорите. Јас не верувам дека некој имал такви големи амбиции (па ниту самиот Никола) да ја убеди Р.Бугарија да го признае нашиот идентитет и јазик што впрочем и не беше предмет на преговорите. За волја на вистината Бугарија никогаш не се обврзала дека ќе го признае нашиот јазик и идентитет пред 1943 година. На тоа се обврзаа согласно овој договор токму ЕУ и Брисел, Р.Бугарија секако не. Таа како страна во спорот секогаш ќе има резерви по овие прашања но за тоа и писмено го извести Брисел, јас не знам што е тоа непознато и зошто нас тоа не засега. Тезата на Никола дека Бугарија во Брисел потпишала дека нема да го признава нашиот идентитет е општо позната, но претставува добра алатка за манипулација кон нашиот народ само кога сакаш да го “заебаваш“! Смислата и суштината на Преговарачката рамка беше токму спротивното, да се изгради рамка или механизам кој и покрај негирањето на нашиот идентитет и јазик од страна на Бугарија ќе се тргне блокадата и ние ќе продолжиме со преговорите. Втората теза на Никола дека и покрај Уставните измени и внесување на Бугарите во Уставот ние со овој договор не сме обезбедиле правен механизам на заштита, односно гаранција дека нема да бидеме блокирани понатаму во преговорите!! Ауу, значи гаранции немаме?? Ови тези се на иста линија со секојдневната пропаганда која ја слушаме. Никола знае дека тоа не е така!! Како прво овие тези не се во духот на договорното право и тоа дека договорите се прават со добра верба на страните за взаемно почитување на одредбите. Ако така се поставиме тогаш ништо во светот нема да функционира, ниту еден договор? Ние не можеме да живееме од претпоставки дека некој во некое идно време ќе најде начин да не блокира!! За волја на вистината Бугарија никогаш не изјавила дека има таква намера, односно намера да не влеземе во ЕУ или да не спречи по секоја цена, напротив изјавила дека го поддржува нашиот влез во ЕУ. Што се однесува до правните механизми или гаранции поранешниот министер и тука многу греши, или пак сака да греши??
Во Преговарачката рамка сепак се предвидени многу аспекти. Имено, во делот од Преговарачката рамка каде што се предвидени добрососедските односи како што впрочем било за сите апликанти до сега, во нашиот случај Договорот за добрососедство, (Историската комисија), Преспанскиот договор, односно делот на (Копенхашки критериуми) се посебен дел а делот на преговори по тематски Кластери и Поглавја посебен дел. Во вториот протокол кој претставува само дообјаснување и допрецизирање на основниот договор (Преговарачката рамка), се прецизирани начинот и динамиката на работата на Историската комисија. Просто е невозможно и нема таков механизам Бугарија да не блокира во делот на Тематските кластери до колку во Историската комисија не можат да се договорат околу некој револуционер. Јас сум сигурен дека Никола и ова го знае?? Едноставно со оваа рамка која ја договоривме гледано од многу аспекти, преговорите по поглавја можеме да ги завршиме до крај без скоро никаква можност да бидеме блокирани или сопрени, (согласно новата методологија на преговори)! Едноставно тоа од нас зависи како ќе ги тераме преговорите?? Следното вето кое може Бугарија да ни го стави до колку не се договориме за некој револуционер дали бил Македонец или Бугарин е дури од како ќе ги завршиме преговорите по поглавја и кога ќе треба да се ратификува влезот во ЕУ од страна на сите земји членки, пред тоа многу тешко согласно оваа Преговарачка рамка и оваа методологија на преговори!! Инаку гаранции или “правна заштита во преговорите“ како што вели Никола, едноставно не постојат. Треба да живееме во надеж дека договорите постојат за да се почитуваат, а никако на претпоставки!! Така не функционира светот!!
Токму затоа сум убеден дека тезите на поранешниот министер се повеќе одлика на неговиот карактер и пред се лутина на претходната влада и воопшто не кореспондираат со вистинските аргументи. “Преспанскиот договор“ и “Преговарачката рамка“ како договори со кои што се затворија големи прашања се добри за нас и не задираат воопшто во нашиот идентитет! Со оглед на времето и констелациите во кои што беа донесени се прашувам често и дали воопшто во тие моменти можевме повеќе и подобро!!! Токму тоа е потребно нашиот народ да го разбере и да се обедини околу нашата иднина.






