Кафулињата и рестораните со тераси ќе отворат утре, ќе можат да работат до 20 часот

Угостителските објекти кои имаат тeраси ќе можат да отворат утре, но ќе треба да ги исполнат препораките за дистанца и заштитна опрема, информираше денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

-Работното време на угостителите ќе биде до 20 часот, посочи миностерот.

Тој додаде дека другите угостители ќе можат да отворат подоцна, откако ќе се види како ќе се почитуваат препораките.

– Ние имавме подготвен протокол од комисијата за заразни болести кој предвидува три фази во отворањето на угостителските објекти. Вчерашната одлука на владата е реализација на втората фаза. Ќе ја следиме ситуацијата и ако се почитуваат протоколите ќе се реализира и третата фаза за отворање на објектите и во затворен простор – рече Бектеши.

Back to top button
Close