Каква е поврзаноста на гените и слабеењето?

Skinny and fat girl with an apple

Сите знаеме барем една личност која постојано јаде, но не се дебелее. Причината за тоа не е ниту исхраната, ниту вежбањето, туку генетиката на таа личност.

Во едно истражување спроведено во Британија, биле споредувани ДНК на скоро 2 илјади слаби доброволци, со исто толку лица кои имаат проблем со дебелината и преку 10 илјади лица со нормална тежина, сè со цел да се дознае дали гените имаат некаква поврзаност со телесната тежина. 

Резултатите покажале дека навистина постои врска меѓу килограмите и гените, односно, слабите ја имаат генетиката на своја страна.

Податоците покажале дека трајната, здрава тенкост е наследна особина. Научниците наведуваат дека дошле до уникатни резултати, бидејќи претходните истражувања ја споредувале ДНК на дебелите со онаа на луѓето со нормална тежина, занемарувајќи ја онаа на трајно слабите личности кои тешко ставаат некој килограм повеќе.

Генетиката игра важна улога во нечија тежина, но не би сакале луѓето да мислат дека е пресудна, навеле докторите.

Докторите советуваат дека телесната активност е клучна во контолирање на килограмитe и треба да се применува најмалку 30 минути во текот на денот, 5 дена во неделата. За оние на кои им е тешко одеднаш да почнат со вежбање, се советува постепено излегување од домот и прошетки, потоа брзо одење и на крајот трчање.

Back to top button
Close